VILA VAIA (15, 93)

Куќа “Vaia”-Јерисос 

40.398902, 23.880482

 

20 % попуст на вонсезонски цени и 25 % на сезонски цени за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн...

Куќа “Vaia” се наоѓа во многу мирна уличка, а на само 80 - 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата е реновирана во лето 2026. Располага со 4 апартмани и еден дуплекс апартман на прв и втор кат. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартманите имаат опремени кујни со сите потребни елементи, како и купатила со туш. Сите апартмани се на втор кат освен дуплексот бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на вилата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди. Куќата се издвојува со својата пространа руфтоп тераса која нуди панорамски поглед море — идеално место за утринско кафе, вечерна дружба и слично.

 

Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) – прв кат. Дуплексот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Дуплексот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот. Дуплексот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 2 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 4 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 5 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

 

 

 

 

1. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2

апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат 2 лица

1/3+1

апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2 лица 

 

1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1) задолжително плаќаат 4 лица 

23/05-30/05 

7

129

159

109

30/05-06/06 

7

189

229

139

06/06-13/06 

7

239

279

159

13/06-20/06 

7

279

299

179

20/06-27/06 

7

299

319

189

* цена по лице со вклучен превоз

 

 

 

2. Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2 

апартман

(бр. 2 и 5)

1/3+1 

апартман

(бр. 3 и 4) 

1/4 дуплекс апартман

(бр.1) 

27/06-04/07 

7

639

729

789

04/07-11/07 

7

659

749

819

11/07-18/07 

7

699

799

879

18/07-25/07 

7

709

819

889

25/07-01/08 

7

759

859

939

01/08-08/08 

7

759

859

939

08/08-15/08 

7

759

859

939

15/08-22/08 

7

709

819

889

22/08-29/08 

7

699

799

879


 * цена за наем на апартман

 

3. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2

 апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат 2 лица

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2 лица 

1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1) задолжително плаќаат 4 лица 

29/08-05/09 

7

299

319

189

05/09-12/09 

7

269

289

169

12/09-19/09 

7

209

249

149

19/09-26/09 

7

139

179

119


* цена по лице со вклучен превоз

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
  • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица;
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Aгенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Превоз:

  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Место на поаѓање:

  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес - БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица